Соопштение за јавност – реакција на СДСМ на изјавата на Мицкоски
Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал.
„Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал“
“Таму се фатени буквално во сериозен криминал“
„Криминалот со Бехтел и Енка ќе го кријат со Закон“
„Ова е историска пљачка“
Вака говореше Мицкоски до пред само неколку месеци.
Дојде на власт, седна во премиерската фотелја и Мицкоски веднаш смени лента.
Одеднаш се е различно, се е супер.
Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од Договор со Бехтел и Енка и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните.
Вакво лажење на народот досега е невидено, се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ!