fbpx

Филипче до Мицкоски: Го враќате ВМРО-МВРО со незаконско узурпирање на АНБ од партиски кадар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче до Мицкоски: Го враќате ВМРО-МВРО со незаконско узурпирање на АНБ од партиски кадар

Еден од многуте скандали на оваа Власт е грубата и опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност, власта го враќа ВМРО-МВРО со узурпирање на безбедносната служба, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања.

-Покрај тоа што поставувате криминалци за директори, осудени лица за директори на затвори и јавноста се смее, ова партизирање на АНБ воопшто не е за смеење. Напротив, ова многу загрижува и ја потврдува вашата намера да ги узурпирате клучните безбедносни институции. Вие господине Мицкоски изгледа заборавате дека заради овие ВМРО-МВРО диктаторски политики 100.000 луѓе маршираа по улиците, рече Филипче.

Филипче презентираше докази дека станува збор за незаконско поставување на директор на Агенцијата за национална безбедност.

-Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар. Медиуми од Македонија и Бугарија веќе покажаа дека Христовски нема ниту вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик. Документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање. Значи за да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и со тоа направил кривично дело. Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате?, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ го праша Мицкоски дали ќе го разреши директорот на АНБ, Бојан Христовски после овие информации .

-Професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Христовски треба да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

https://www.youtube.com/user/SDSMtube

Последни вести