fbpx

Заев: Намалуваме трошоци и насочуваме повеќе пари во секој дом во Македонија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Вие почитувани граѓани, веќе еднаш му дадовте огромна поддршка. Да не беа притисоците, заканите и уцените од режимот во 2013 година, Александар Наумовски денеска ќе беше градоначалник и ќе беше кандидат по втор пат за Ѓорче Петров со гордост и со дела позади себе“ го започна своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран на синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата во Ѓорче Петров.

Претседателот на СДСМ ги презентираше четирите столба на кои се потпира програмата Живот за сите во Македонија, градиме по план, инфраструктура за сите, чиста вода и чист воздух, здравје за сите, пари кај граѓаните, можности за сите, услужна и отворена општина за сите.

„Државата ќе насочи повеќе пари кон општините, што значи повеќе пари ќе завршат кај граѓаните. Од една страна ги намалуваме трошоците за живот, од друга страна ги зголемуваме приходите. Малку по малку семејните буџети се полнат. За почеток граѓаните ќе заштедат пари бидејќи веќе не се плаќа радиодифузната такса, ја нема, а со евтината дневна тарифа на струјата се отвори можноста за многу пониски сметки за струјата во секое домаќинство. Се намалуваат и катастарските трошоци до 50%. И не застануваме тука. Продолжуваме. Ќе намалуваме трошоци во секое семејство и ќе пуштаме пари назад кон граѓаните, кон сите семејства, за сите во Македонија!“ соопшти претседателот Заев.

Во однос на поттикнувањето на локален економски развој претседателот Заев рече дека на Ѓорче Петров му требаат нови инвестиции и дека заедно со Александар ќе работат на привлекување на нови инвестиции, а потенцираше и дека Планот за економски раст со кој владата понуди транспарентни и еднакви услови за инвестирање на домашни и странски фирми заедно со реформските процеси кои ги деблокираат интеграциските процеси на земјата кон ЕУ и НАТО го зголемуваат интересот за инвестирање во Македонија.

Свое обраќање пред граѓаните на Ѓорче Петров имаше и кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов кој порача дека заедно со кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски имаат многу добри проекти за Ѓорче Петров,

„Илинденска ќе ја споиме со Ѓорче Петров и Волково. Ќе ги споиме булеварот Љубљанска и булеварот Словенија за превозот во Скопје да има логика. На влезовите во Ѓорче Петров и Волково ќе изградиме кружни текови за да го успориме сообраќајот на тие што влегуваат, за безбедноста на сите граѓани, за безбедноста на нашите деца овде во Ѓорче Петров.“ посочи Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов додаде дека градот Скопје ќе работи на обновување на рекреативниот центар „Езеро Треска“, и ќе се врати на услуга на граѓаните да биде место за релаксација и одмор на граѓаните на Скопје.

Пред своите сограѓани се обрати и кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски кој испрати јасна порака дека доаѓа период кога заедно и сплотени ќе работиме за подобра иднина за нас и нашите деца.

„Заедно со мојот и наш другар Петре Шилегов, новиот градоначалник на Скопје, обезбедуваме гас до секоја куќа, до секоја фамилија. Ќе ги скратиме трошоците за струја и огрев и ќе го намалиме загадувањето на воздухот. Ќе го средиме хаосот со сообраќајот на главна и на 4-ти јули улицата и ќе се спречи дивеењето на моторите и автомобилите. Го уредуваме кејот на Лепенец со соодветни содржини.“ кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров презентираше дел од мерките во својата програма со којашто ќе се врати животот за сите во Ѓорче Петров.

 

 

 

Последни вести