fbpx

Заев: Македонија ќе му надомести на Куманово, ја продолжуваме гасификацијата, градиме водовод и нови градинки!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Добро вечер Куманово, добро вечер непресушен факел на слободата во Македонија којшто гориш 26 години слободарски како што било во целата наша македонска историја“ со овие зборови претседателот на СДСМ, Зоран Заев го започна своето обраќање пред граѓаните на Куманово на синоќешниот граѓански митинг.

Претседателот Заев рече дека сета разноликост што извира од многубројните насобрани граѓани на плоштадот во Куманово претставува симболика на заедништвото, единството и сплотеноста со којашто граѓаните на Македонија итаат кон прогресот, иднината и животот за сите во Македонија.

„Единството, мултиетничко, го крепевме овде, на сите изборни циклуси наназад. Од овде искрата почна, па ја проширивме низ цела Македонија. Денеска имаме едно општество за сите. Да бидете горди кумановци, и вие Македонците, и вие Албанците, и вие Србите, и вие Ромите, и вие Бошњаците, и вие Власите, сите што сте од Куманово. Заради тоа што држевте лекција на Македонија сиве овие 26 години независност. Ви се поклонувам вам, заради тоа што ваша заслуга е едно општество за сите! Мултиетничка единствена Македонија!“ порача претседателот Заев.

Заев констатираше дека во изминатите 11 години поранешната власт ништо не направи за Куманово и најави дека тоа сега го менува новата Влада која се грижи за сите граѓани и во таа насока ќе се насочи и кон Куманово помагајќи го развојот и на оваа општина.

„Ќе ја продолжиме гасификацијата којашто досега е реализирана од 14 км, припоени се јавни објекти, почнаа да си припојуваат и домаќинства и стопански објекти. Продолжуваме понатаму каде што застанавме. Директно ќе добиете поддршка и помош од државата за конечно решавање на проблемот со водоснабдувањето на Куманово. Оти Куманово не е надвор од Македонија па до сега да не му се помогне. За овој осумнаесет и пол километарски водовод, којшто треба да го направиме од Куманово до Липково, ќе го решиме заедно! Куманово и Владата на Република Македонија како партнери! После долги години без капитални инвестиции во образованието и детските градинки се трудеше општината да одржува, да реновира со сопствени средства, иако е ненадлежна. Капиталните инвестиции за градинките и училиштата се под државата. Конечно ќе насочиме огромни средства во капитални инвестиции за реновирање на постојните детски градинки и училишта и ќе изградиме нови детски градинки во Куманово. Никогаш повеќе да немате проблем со уписот на вашите деца во детските градинки во Куманово“ порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на синоќешниот митинг којшто се одржа во Куманово.

Претседателот Заев ги повика кумановчани да излезат масовно на гласање за локалните избори и да го поддржат кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Максим Димитриевски како и листата на кандидати за советници.

 

 

 

Последни вести