Соопштение за јавност
„Во декември лани сите заедно сплотени и Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, ама баш сите се здруживме и се изборивме за промени. Промени кои изгледаа невозможни, промени кои изгледаа далечни. Тие промени знаевме дека ќе донесат слобода и надеж, знаевме дека ќе донесат шанса за вистински живот во нашата Македонија.“ порача заменик претседателката на СДСМ на вечерашниот митинг во Гостивар.
Шекеринска порача дека Македонија секојдневно се менува на подобро, а тоа светот го препознава и гледа партнер и пријател и држава на којашто може да се потпре.
„Денеска во Гостивар доаѓам речиси од Брисел кадешто заедно со нашите партнери во НАТО заедно со земјите коишто се пријателски со Македонија како да го забрзаме тој пат на нашата држава кон ЕУ и НАТО. Тие ја препознаа позитивната промена во Македонија“ соопшти заменик претседателката Шекеринска.
Во однос на заложбите на советничката група предводена од СДСМ и коалицијата, заменик претседателката Шекеринска рече дека тие ќе работат на тоа Гостивар да добие затворен пазар, на унапредување на патната инфраструктура, на помош за земјоделците и за локален економски развој, а преку помошта на малите и средни претпријатија ќе се отовраат нови работни места со што Гостивар повторно ќе биде горд еснафски град на соживот,
„Гласајте Македонија да биде наша заеднича татковина, Гостивар да биде општина за сите. Ве повикувам гласајте на 15 октомври гласајте за живот во Гостивар, гласајте за животот во Македонија и сите ние да имаме шанси за подобра иднина“ порача заменик претседателката на завршетокот на митингот во Гостивар.