Соопштение за јавност
Колку и да се труди ВМРО-ДПМНЕ со измислени приказни, лажни вести, сценарија и конструкции да наметне погрешна слика, и на нив самите им е јасно дека Македонија е слободна држава. На 15 октомври ќе се одржат фер и демократски избори, а граѓаните, за разлика од досега, без никакви притисоци и закани ќе го дадат својот глас.
ВМРО-ДПМНЕ, очигледно не знае да функционира во регуларен предизборен период. Не и е јасно како е можно да нема ВМРО-МВРО, како е можно партијата да биде одвоена од државата, како е можно да нема притисоци врз администрацијата. Поради тоа е принудена да лаже, да манипулира, да измислува и извртува ситуации и настани.
Времето кога се злоупотребуваа државни ресурси во партиски цели, кога се уценуваа гласачите со работа, вештачко оплодување, студентски соби… заврши. Граѓаните на Македонија се слободни и самостојно ќе одлучат за кого ќе гласаат.
Скопје, 28.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА