fbpx

Заев: Со заеднички труд и градејќи по план ќе го вратиме сјајот на Дојран

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со заеднички труд, заедничка работа и заеднички вложувања можеме да го вратиме Дојран во вистинскиот сјај каков што заслужува, им порача денеска на дојранчани претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој изрази силно уверување дека кандидатот за градоначалник на Дојран Анго Ангов и неговиот тим имаат капацитет и знаење од Дојран да направат силна, стабилна и репрезентативна Општина.

„И Вие и јас, како и најголем процент од нашата Македонија сакаат да го видат Дојран како повторно блеска во својот сјај. А малку треба. Малку треба да насочиме средства кон Дојран. Дел од државниот Буџет, да сработиме онакви проекти како што Европа сака, за да ги канализираме и европските пари и да го вратиме сјајот и жарот на Дојран, онака како што сите го сакаме. Јас верувам во Анго и во неговиот тим и во нивниот капацитет“, рече претседателот Заев.

Кандидатот за градоначалник Анго Ангов на жителите од оваа општина им порача дека ќе работи транспарентно , одговорно и отчетно, во интерес на граѓаните. Најави дека ќе биде реконструиран постоечкиот и ќе биде изграден мини колекторски систем со што ќе се намали загадувањето на животната средина, ќе биде обновена градската плажа, а ќе биде изграден и покриен пазар во Нов Дојран.

 

 

 

Последни вести