Сопштение за јавност
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов, денеска оствари средба со занаетчиите и трговците во Старата скопска чаршија каде што го презентираше планот за живот во Скопје и скопската чаршија.
„Во Скопје и во Македонија ќе се гради инфраструктурата по план со што ќе овозможиме рамномерен развој и граѓаните да бидат поврзани и безбедни. Плански ќе се чисти и животната средина со цел нашите сограѓани, без разлика на тоа во кој дел живеат, да имаат чиста и здрава животна средина. Затоа велиме здравје за сите“ порача Шилегов.
Шилегов истакна дека во програмата на новата градска власт посебно место ќе има за мерките за заживување на Старата скопска чаршија која освен јадро на старото Скопје ќе биде и јадрото на новото модерно Скопје.