fbpx

Шилегов: Ги поврзуваме општините, нудиме поинаков концепт за развој на Скопје и на Гази Баба

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нов концепт за развој на градот и на неговите општини, кој ќе се заснова на сериозни и остварливи инфраструктурни проекти, чиста животна средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, понуди денеска кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов, кој заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба Борче Георгиевски, имаа средба со жителите на населбата Ченто.

„Градиме по план. Го пробиваме булеварот Босна и Херцеговина од Бутел, да го поврземе заедно со Општина Гази Баба. Го пробиваме и Булеварот Хрватска со што ќе се поврземе и со Општина Аеродром. Помеѓу Керамидница и Аеродром ќе го изградиме пешачкиот мост да биде достапен и за пешаци и за велосипедисти. Иако, е една од побогатите општини во градот Скопје, Гази Баба е во суштина најсиромашна Општина по инфраструктура. Во изминативе осум години градоначалникот на град Скопје, кој што матично потекнува од Гази Баба не понуди ништо на своите сограѓани. Токму заради тоа стојам пред вас, како обичен човек кој влезе во политиката во најбурните времиња во Македонија и го даде својот придонес за да ја ослободиме заробената држава“, рече Шилегов.

Шилегов посочи дека и сега, но и после локалните избори, тој како иден градоначалник, но и Георгиевски постојано ќе бидат тука за граѓаните, за да ги слушнат нивните проблеми, но и нивните идеи , во интерес на подобрување на нивниот секојдневен живот.

Шилегов најави дека Скопје и Гази Баба ќе станат транспарентни општини, парите повторно ќе се вратат кон граѓаните, а ќе се реализираат и низа сериозни инфраструктурни проекти.

 

 

 

Последни вести