fbpx

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажните вести, Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема помош за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во очајнички обид да ги прикрие штетите од досегашното владеење и стравот од изборен пораз, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со лажни вести.

Лажна вест е дека Владата предовдена од СДСМ ќе ги намали или укине субвенциите за земјоделците. Напротив, со кратењето на трошоците и преку одговорниот пристап, се обезбедија нови дополнителни 10 милиони евра за Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кои ќе се искористат како директна и сериозна поддршка за земјоделците.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои субвенциите ги користеа како инструмент за уцени и притисоци врз земјоделците, Владата предводена од СДСМ, навремено и неселктивно ги исплаќа субвенциите за земјоделците, а со домаќинското и одговорно работење обезбедува повеќе пари за земјоделците со што се унапредува руралниот развој и севкупниот економски напредок.

 

Скопје, 19.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести