Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ уште во првите сто дена спроведе низа мерки со кои им се помага на земјоделците и се унапредува земјоделството.
Уште во првите денови беше одблокиран процесот за исплатата на субвенции и за три месеци кон 50 илјади земјоделци беа исплатени 60 милиони евра, а за истиот период беа распишани и два огласа за доделување на државно земјиште до три и над три хектари.
Преку одговорно и домаќинско работење и преку кратење на непродуктивните трошоци, се обезбедија нови дополонителни 10 милиони евра за Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Со средствата од Програмите ќе се обезбеди финансиска помош од неповратни 10.000 евра за младите регистрирани земјоделци кои учествуваа во проектот „Млад земјоделец“. 25.000 производители на пченица ќе добиваат по дополнителни 6.000 денари за секој хектар засаден со пченица, а за 10 отсто ќе се зголеми поддршката за овошни и лозови насади и за градинарски и фуражни култури. Тоа значи повеќе пари за 18.000 лозари, 15.000 овоштари и 30.000 сточари.
Ова се само дел од спроведените мерки што беа ветени пред земјоделците. За разлика од ученувачкиот, понижувачкииот и арогантен однос кон земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ активно ги решава проблемите и обезбедува повеќе пари за земјоделците со што се унапредува и руралниот развој и севкупниот економски напредок.
Скопје, 18.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА