Соопштение за јавност
Почитувани,
Неможејки да се помири со фактот дека Владата предводена од СДСМ домаќински и одговорно управува со јавните финансии, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се заплеткува во лажните вести и бројките што ги пласира во јавноста. На партијата неплаќач на данок никој повеќе не и верува кога неосновано лаже и манипулира и со бесмислени математики собира раздолжувања и задолжувања.
Задолжувањата на домашниот пазар се одвиваат со намалена зачестеност и по поволни услови, што не беше случај претходно.
Граѓаните и јавноста можат многу лесно да ја следат состојбата за нивото на јавниот долг на веб страниците на официјалните институции кои објавуваат вистинити и релевантни информации за висината на јавниот долг, а тоа се Министерството за финансии и НБРМ. И Лилјана Кузмановска можела лесно да ги провери релевантните информации пред да излезе на прес конференција на којашто шири лажни вести.
Фактот што ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за граѓаните, а истовремено во Собранието на Република Македонија го кочи покачувањето на минималната плата, трајното решавање на статусот на околу 3.000 стечајци и укинувањето на радиодифузната такса, покажува дека оваа партија работи единствено во сопствен интерес. Затоа ВМРО-ДПМНЕ денес е опозиција и затоа ќе ги загуби локалните избори и ниту една нивна лажна вест нема да го промени тоа.
Скопје, 18.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА