Соопштение за јавност
Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат со спроведувања на зацртаните мерки и проекти што го унапредуваат квалитетот на живот и носат повеќе пари назад кај граѓаните.
Работниците со ниски примања чии вкупни приходи изнесуваат до 22 илјади денари ќе имаат можност да искористат пет дневен бесплатен субвенциониран одмор вон сезона во некои од домашните туристички центри. Оваа мерка веќе се спроведува, односно започнат е рокот за аплицирање што трае до 15 септември. Со бесплатното летување им се излегува в пресрет на илјадници работници, а во едно претставува и дополнителен импус за домашниот туризам.
Со поднесениот предлог-закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, материјално ќе се обезбедат над 3.500 лица кои месечно ќе добиваат 7596 денари.
Со усвојување на Законот за минимална плата предложен од парламентарното мнозинство, сите вработени во сите стопански гранки ќе добиваат повисока минимална плата во висина од 12.000 денари, вклучително и вработените во текстилната, кожарската и текстилната индустрија кои досега добиваа пониска минимална плата.
Ќе се укине радиодифузната такса која повеќе нема да биде финансиски трошок за граѓаните, а од први октомври се враќа и дневната евтина тарифа на струјата, секој ден по два часа и 24 часа во недела. Тоа значи помали трошоци за живот и повеќе пари во семејните буџети.
Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да го остваруваат она за кое што се обврзаа пред граѓаните. Со одговорна и посветена работа се остваруваат мерките што се во интерес на сите граѓани.
Скопје, 03.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА