fbpx

Груевски шири лажни вести, граѓаните да бидат внимателни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

Не е точно дека струјата ќе поскапи. Не е точно дека воведувањето на евтината тарифа ќе влијае на зголемување на цените на струјата.

Никола Груевски измислува и шири лажни вести.

Апелираме граѓаните на Република Македонија да бидат внимателни и да ги следат вистинските информации.

Вистината е дека воведувањето на евтината дневна и викенд тарифа на струјата се отвора можност граѓаните да заштедат и со тоа ќе имаат пониски сметки за струја.

Токму ВМРО-ДПМНЕ со своето коруптивно владеење ја укина евтината тарифа на струјата преку ден, а цената на електричната енергија ја зголеми за 100%.

Очигледен е стравот на Никола Груевски од пораз на локалните избори, но ниту една лажна вест тука не може да му помогне.

Скопје, 27.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести