Соопштение за јавност
Не е точно дека ќе поскапи струјата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува секој ден да шири лажни вести.
Огромна е паниката што владее во ВМРО ДПМНЕ затоа што се обелоденуваат криминалите што се правеле во енергетските компании. Граѓаните ќе видат какви криминали и од колкав обем финансирале преку сметките за струја.
Со користење на евтината дневна и викенд тарифа на струјата граѓаните ќе имаат можност да заштедат и со тоа ќе имаат пониски сметки за струја. Владата на СДСМ ги врати придобивките од евтината дневна тарифа за секој граѓанин, којашто беше укината од ВМРО-ДПМНЕ.
Новиот закон за енергетика пак ќе го штити интересот на граѓаните и ќе го овозможи основното право на секој граѓанин кое е сега ускратено, а тоа е право на избор од каде ќе се снабдува со електрична енергија.
Спротивно на интересот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ не го донесе законот во предвидениот рок 1 јануари 2015 година до кога требаше да се имплементира Третиот пакет, заради што за непочитувањето на превземените обврски Европската енергетска заедница отвори спор против Р.Македонија.
Владата предводена од СДСМ работи во интерес на граѓаните, а она што ВМРО-ДПМНЕ им го должи на граѓаните како одговор е на кој начин успеа да ја поскапи цената на електричната енергија за 100% изминативе 11 години?
Скопје, 26.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА