fbpx

ВМРО-ДПМНЕ остави хаос во здравството, Владата предводена од СДСМ работи на санација на штетите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ ги санира штетите од хаосот што ВМРО-ДПМНЕ и Никола Тодоров го направија во здравството и предизвикаа штета на здравјето на граѓаните.

Во фокусот на промашените политики на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години беа криминалните апетити на Никола Груевски и неговите соработници, а не граѓаните!

Наместо модернизација на здравството, со расипничкото и криминално трошење на парите, ВМРО-ДПМНЕ клиниките ги остави во долгови, без основни услови, со дефицит на специјалисти, кровови што протекуваат, со неупотреблива опрема.

Владата предводена од СДСМ ќе продолжи посветено работи на санација на направените штети и подобрување на условите во здравството, во интерес на сите граѓани.

Скопје, 26.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести