Соопштение за јавност
Државната комисија за спречување на корупција е синоним за државна инстутуција заробена и злоупотребна од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а последен доказ за тоа е и нивната неуспешна акција да го спречат разрешувањето на Марко Зврлевски и да го заштитат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да спречува корупција, криминал и злоупотреби, Комисијата во изминатите години работеше селективно, непрофесионално и исклучиво во заштита на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Со непостапувањето по стотиците пријави, скандали и сомнежи за сторен криминал, Државната комисија за спречување на корупција стана соучесник во криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Досегашната работа на Државната Комисија за спречување на корупција е доказ за огромната партизација на инситуциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ја потврдува потребата од започнатиот процес на ослободување и професионализација на државните институции.
Скопје, 18.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА