Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не може да сокрие пустошот што го остави зад себе во економијата и огромните долгови што им ги остави на граѓаните, кога заради луксуз и расипништво го дуплираше јавниот долг за само осум години.
Парите на граѓаните повеќе не се трошат за палми, барок, споменици и криминални тендери како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, туку сега тие се користат за повисока минимална плата, помош за домашните претпријатија и за решавање на деценискиот проблем со статусот на стечајните работници.
Тоа е разликата помеѓу криминалното, расипничко и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и домаќинското, отчетно и одговорно управување со финансиите на Владата предводена од СДСМ.
Скопје, 18.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА