Соопштение за јавност
Единствените кои вршат притисок врз судството се ВМРО-ДПМНЕ кои со заканувачки прес конференции пред просториите на правосудните органи, во страв од соочување со одговорноста за се она што го правеа изминатите години, секојдневно се обидуваат да го попречуваат владеењето на правото и да извршат притисок врз правосудството.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да разбере дека заврши времето кога можеше да врши притисок врз судиите и судовите. Притосоците и заканите кон судовите нема да им помогнат на оние кои сториле кривични дела да избегаат од одговорноста.
Никакви закани и притисоци кон судовите од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречат реформите во судството што носат професионално и независно судство и правда за сите. Македонија ќе биде правна држава, а секој оној кој направил какво било криминално дело ќе понесе одговорност, без разлика на неговата етничка, религиозна, партиска и каква било припадност.
Скопје, 11.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА