fbpx

ВМРО ДПМНЕ докажа дека е против повисоки плати и помош за претпријатијата, Министерството за финансии ја опоравува уништената економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со поднесената интерпелација против министерот за финансии, Драган Тевдовски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните и потврдува дека е против транспарентно и отчетно раководење со јавните финансии и буџет во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните и зајакнување на економијата.

Со неоснованата интерпелација, ВМРО-ДПМНЕ е против минимална плата од 12 000 денари за сите работници вклучително и работниците во кожарската и текстилната индустрија. Со гласањето против ребалансот на буџетот подготвен од министерот и Министерството за финансии ВМРО-ДПМНЕ докажа, а со денешната интерпелација и потврди дека е против трајното решавање на статусот на стечајните работници, против укинувањето на радиодифузната такса, против субвенциониран годишен одмор на најнископлатените работници и против поголема помош за претпријатијата – мерки што се обезбедуваат со ребалансот на буџетот.

Залудни и очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку неиздржани интерпелации да се обидуваат да ги спречат реформите што носат квалитетен живот за сите граѓани. Преку транспарентна и отчетна работа, Министерството за финансии работи на обезбедување квалитетен животен стандард за граѓаните, зајакнување на уништената економија преку значителна поддршка за домашното стопанство.

 

Скопје, 10.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести