Соопштение за јавност
Преку своите лицемерни и апсурдни политики, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири невистини и да нанесува штета врз интересите на граѓаните.
Фактот што ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година како владејачка партија барала парцели за изградба на станови за бегалци, а денес како опозиција со наводната загриженост за Нацрт – Стратегијата за бегалци, шири паника и ксенофобија кај граѓаните, доволно говори за степенот на дволичност и безидејност што владее во опозициската партија.
Македoнија е земја за транзит на бегалци и нема да се градат никакви кампови и станови, нема да се даваат државјанства, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока. Граѓаните ги препознаваат манипулациите што ги шири ВМРО-ДПМНЕ и затоа не потпаѓаат под пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ која единствено има за цел да го сокрие хаосот од нивното криминално владеење и да го дефокусира вниманието од реалните потреби на граѓаните.
Скопје, 10.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА