Соопштение за јавност
Десет дена пациентите со метастатски канцер од целата држава да се оставени без потребната билошка терапија. Десет дена овие пацинети чии живот е загрозен, се оставени во незивесност. Оправдано е нивното стравување дека ваков недостиг на билошка терапија нема да случи и во иднина.
Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови.
Пациентите не само со недостиг на биолока терапија, се соочуваат со недостиг на здравствен кадар и елементарни услови за лекување.
Не е преземено ништо за да се заштитат пациентите, а доказ за ваквата негрижа е недостигот на соодветен план, функционален систем и регистар на пациенти, ненавремената набавка на лекови.
Животите на луѓето се загрозени поради неспособност на власта.
Ветуваа реформи и современ здравствен систем. За седум месеци направија хаос.
Вината за хаосот на Онкологија е кај директорот на Онкологија, Стојковски, кај директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски и кај министерот Таравари и треба да понесат одговорност.