fbpx

Заврши времето кога Милошоски можеше тајно да преговара со соседите, Владата работи транспарентно и во заштита на државните интереси

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Никола Груевски можеа тајно и далеку од очите на јавноста да преговараат за отворените прашања и да имаат монопол во односите што нашата земја ги воспоставува со соседите и меѓународната заедница.

Интерес и на Владата и на граѓаните е Република Македонија да има добра соработка со соседите и да стави крај на кавгите и изолациите. Спротивно на тоа, Милошоски денес кажа многу невистини иако како претседател на собраниската Комисија за надворешни работи имаше целосен увид во нацрт верзијата на договорот за добрососедство со Република Бугарија.

Се што прави новата Влада предводена од СДСМ на домашен и меѓународен план е во интерес на евро-атлантските перспективи и добрососедските односи и во целосна заштита на државните и националните интереси. Граѓаните ќе бидат целосно и навремено информирани, а одлуките за сите прашања ќе ги носи Собранието на Република Македонија како највисок државен орган.

 

Скопје, 20.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести