Соопштение за јавност
Залудни, очајни и лицемерни се обидите на ВМРО-ДППМНЕ да го сокрие нивното 11 годишно расипништво и безобразно трошење на парите на граѓаните, за кое јавноста секојдневно сведочи.
Додека мнозинството граѓани живееше во сиромаштија и долгови, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ парите од Буџетот ги трошеле на скапи вечери, костуми, чевли, ноќевања во ексклузивни хотели, и посети на спа центри платени со државни пари. Безобразното и расипничко трошење на парите на граѓаните, отишло дотаму што дури и дел од обезбедувањето на Никола Груевски трошело стотици евра дневно за ручеци и вечери.
Наспроти таквото расипнчко владеење на Груевски, ребалансот на Буџетот ги следи реалните потреби, ги враќа парите назад кај граѓаните и е првиот чекор кон остварување на зацртаните реформи што носат нови работни места, повисоки плати и целосен економски напредок.
Скопје, 12.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА