Соопштение за јавност
Лицемерното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ преку лажни обвинувања, очајно и неуспешно се обидува да ги засени доказите за расипничкото и криминално работење на фунцкионерите од ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста секојдневно дознава нови информации од расипничкиот однос на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните. Додека граѓаните едвај преживуваа, функционерите од ВМРО-ДПМНЕ дрско и без срам ги трошеле државните пари за да купуваат костуми и чевли, да плаќаат ручеци од стотици евра, да посетуваат спа центри и туристички атракции на сметка на државата.
Во обид да го сокрие таквото криминално и расипничко трошење на државните пари, ВМРО-ДПМНЕ продолжува лажно да обвинува за нешто што вчера беше демантирано и образложено од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата. Јасно е дека не станува збор за никакво расипништво на службите, туку дека се работи за редовна пракса низ годините која се однесува на годишните потреби за свечени приеми на странски делегации и гости и се однесува на сите институции.
Со вакви измислени, лажни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ не може да ги прикрие штетите што им ги нанесе на државата и граѓаните.
Скопје, 11.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА