Соопштение за јавност
Преку своите партиски контролирани кадри, ВМРО-ДПМНЕ направи очајнички обиди да ја блокира исплата на субвенциите за тутунот, а денеска, без никаков срам предлага мерки кои се веќе реализирани. Заврши времето на ВМРО-ДПМНЕ кога субвенциите се делеа селективно и со доцнење.
ВМРО-ДПМНЕ со години ги користеше субвенциите за да врши притисок, уцени и манипулации врз земјоделците. Додека земјоделците ги чекаа субвенциите што редовно им доцнеа, ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на луксуз, скапи мерцедеси, лажен барок и преплатени споменици. Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за потребите на земјоделците, докажува и фактот што кадрите поставени од ВМРО-ДПМНЕ во институциите, до последен ден ја кочеа исплатата на субвенциите.
И покрај бројните опструкции, Владата предводена од СДСМ ги отстрани сите пречки и навремено ги исплати субвенциите за 21 000 тутунопроизводители, а во тек е процедура за надминување на пречките за исплата на субвенции за уште стотина тутунопроизводители кои наскоро ќе ги земат субвенциите што им следуваат.
Скопје, 09.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА