Соопштение за јавност
Мираковска до Таравари: Ќе поднесете ли оставка заради хаосот кој го направивте во здравството?
Пратеничката од Коалицијата предводена од СДСМ, Соња Мираковска од НСДП, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерот за здравство Арбен Таравари кои е однесуваа на негова лична одговорност за хаосот на здравствениот систем кој е пред целосен колапс, нема лекови, децата умираат на Клиниката за детски болести, има недостиг на кадар и квалитетни здравствени услуги.
Во продолжение интегрален текст на прашањето:
„Во изминатите осум месеци наместо спроведување на реформи и подобрување на здравствените услуги односно генерално од целокупниот здравствен систем што гледаат граѓаните е здравствен систем кој е пред колапс и во тотален хаос, нема лекови, дечиња умираат на Клиниката за детски болести, има недостиг на кадар и квалитетни здравствени услуги.
Во време кога во светски рамки галопирачки се развива здравството, нашата статистика лани за само шест месеци регистрираше 19 починати доенчиња и едно петгодишно девојче.
Ова не се само бројки или статистики, ова е трагедија, на пред сè непочнати детски животи.
Деца умираа откако беа одбиени за хоспитализација на Клиниката за детски болести.
Видовме покренати постапки и казни за дел од случаите, но ова се задоцнети реакции, тоа не е доволно. Ниту една казна не може да го врати животот на едно дете!
Моето прашање до вас министре е, дали ќе побарате помош од странство, од стручни странски експерти да помогнат на докторите на педијатрија, ако вие со овој проблем не можете да се справите?
Понатаму, хуманитарна катастрофа која ни се случи на Клиниката за Онкологија. Повеќе од десет дена онколошките пациенти се оставени без биолошката терапија.
Животот им го загрозивте на пациентите, додека во јавноста се слушаа лажни обвинувања и неосновани изговори и оправдувања зошто ја нема терапијата.
Последна во јавноста е информацијата дека и лицата со хемофилија стравуваат дека ќе останат без потребните фактори за коагулација поради тоа што сè уште тендерот за набавка не е распишан.
Ќе треба да ни одговорите и на тоа дали вистина дека во Струга каде што престојуваат пациентите од дијализа, се појавила шуга, а вие тоа го криете од јавноста. Сто ова е навистина е неприфатливо! Ова слободно еден човек кој ќе побара услуга од здравствениот систем ќе го нарече злосторство против граѓаните, против секој од нас и затоа одговорност мора да има.
Овие трагедии не се изолирани инциденти, тие се само реална и тажна слика на целиот наш здравствен систем за само осум месеци.
Кога деца умираат од недостаток на нега, кога луѓето кои се борат за својот живот се оставени на милост и немилост, кога најранливите се оставени да се борат со сопствената несигурност, тогаш нема повеќе оправдување. И мора да има решение, затоа што добивте огромно мнозинство за да носите решенија.
Ова решение пред неколку дена што го спомнавте, не нè грее никој, цело време говоревте за нови реформи во здравството, за нов клинички центар, а сега велите дека имате план, дека Градската општа болница 8. септември во Скопје да стане регионален центар. Нудите решение кое не претставува реформа, за жал. И нема да придонесе за подобрување на здравствените услуги. Како граѓанин можам само да помислам дека може да направите сегрегација, па дел од граѓаните да не можат да допрат до Клиничкиот центар, затоа што ќе бидат насочени само таму, во тој таканаречен регионален центар. Во ова време е потребен модерен клинички центар кој ќе обезбеди квалитетна здравствена услуга на едно место и тоа беше нашиот план, и з за жал вие тоа не го дозволивте, а и сега таков сериозен план нема.
Ова е не само неспособност, туку и бездушност. Системот не е распаднат случајно, ова е резултат на неодговорност и апсолутна незаинтересираност.
Граѓаните не се пиони во некоја игра па да си играте со нивните животи, а вам ви одговара за политички интереси.
Затоа ќе поставам прашање до министерот Таравари: Дали мислите дека сето ова заслужува да поднесете оставка од функцијата министер за здравство? Сметам дека треба.“