fbpx

Арнаудов и ВМРО-ДПМНЕ работат против интересите на граѓаните, ќе има санација на штетите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Доколку Љубен Арнаудов и неговите сопартијци навистина се грижеа за интересите на граѓаните, одамна ќе ја увидеа реалната фактичка состојба и ќе инсистираа на одговорност за промашувањата во изведбата на овој проект, но и на одговорност за провизиите од автопатите за кои целата јавност слушна преку проектот Вистината за Македонија. Но наместо тоа, Арнаудов како и досега, продолжува да работи на штета на граѓаните и исклучиво во заштита на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата се симбол за криминал, корупција и неспособност. Доказ за тоа се истрагите и обвиненијата за автопатите Миладиновци – Штип, Демир Капија – Смоквица, како и за споменатиот автопат Кичево – Охрид, каде што огромните пропусти во проектирањето и изведбата нанесоа огромни штети врз угледот на Македонија и за чие што санирање дополнително ќе се потрошат над 100 милиони евра пари на граѓаните.

СДСМ, преку Владата што ја предводи, продолжува посветено да работи на спроведувањето на зацртаните реформи што носат добро за сите граѓани. Ќе се санираат сите штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено ќе има целосна ревизија на сите започнати проекти и за секоја докажана злоупотреба на пари на граѓаните ќе следува одговорност.

Скопје, 01.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести