Соопштение за јавност
Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку своите министри цели 11 години ги задолжуваше граѓаните прекумерно и нетранспарентно без тие да знаат за која цел се создаваат нови долгови што тие ќе ги плаќаат во иднина. Заврши времето на непродуктивни трошења и скапи задолжувања, што беше главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ
Новата Влада предводена од СДСМ преку сериозен пристап и во интерес на граѓаните, ќе работи на стабилизација на огромниот јавен долг од над 50 % од БДП што ВМРО-ДПМНЕ со своето неодговорно, расипничко и нетранспаретно работење го остави како товар на идните генерации.
Сите нетранспарентни задолжувања направени изминативе години ќе подлежат на ревизија и за сите злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност!
Скопје, 20.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА