fbpx

Започна постапката за активна регистрација за гласање на внатрепартиските избори за Претседател

Facebook
Twitter
LinkedIn

Започна постапката за активна регистрација за гласање на внатрепартиските избори за Претседател

Почитувани членови на СДСМ,

Од денеска веќе е започната постапката за активна регистрација за гласањето на внатрепартиските избори кои ќе се одржат на 16 март.

Секој член има можност да се регистрира за гласање на еден од следните два начини:

1. Може да се регистрирате на официјлната интернет страница на СДСМ www.sdsm.org.mk преку банерот “Активна регистрација за гласање“ достапен на насловната веб страна.
Со едноставно кликање на банерот ве води до електронската форма каде се пополнуваат само два клучни податоци.
Пристапот е возможен и директно со кликнање на следниот линк:
https://kc.sdsm.org.mk/LoginForPartyElections.aspx

Втората можност за секој член е директно во просториите на матичната Општинска организација.

2. Можете да се регистрирате за гласање со пополнување на образец, во просториите на вашата Општинска организација, секој ден, или од понеделник до петок, од 17 до 20 часот, а во сабота и недела од 11 до 13 часот.

Важна напомена: Постапката за регистрација за гласање ќе трае до 8 март!

Активно може да се регистрира секој член на СДСМ кој се наоаѓа во базата на членови заклучно со 16ти февруари 2025 година.

Сите информации, критериуми, рокови, обрасци поврзани со директните внатрепартиски избори, начинот на спроведување, самокандидирање и документи поврзани со изборот на претседател се достапни на официјалната веб страница на СДСМ или на директниот линк: https://sdsm.org.mk/direktni-vnatrepartiski-izbori-2025

Последни вести