fbpx

Депонијата се расчистува, ВМРО-ДПМНЕ да престане со лицемерието и да објасни зошто го одби предлогот на СДСМ за трајно решавање на проблемот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да покажува лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто уште во 2013 година гласаше проитв предлогот на пратениците на СДСМ за трајно решавање на проблемот со струшката депонија.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше овој, како и многуте проблеми на граѓаните а пред неколку години како парламентарно мнозниство, го одби предлогот на пратениците од СДСМ, во Буџетот на Република Македонија за 2014 година да се издвојат 90 милиони денари за конзервирање на градската депонија во Струга.

Проблемот со струшката депонија се решава интензивно со сета рапсоложлива механизација. Пожарот веќe e изгаснат, а ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување. Владата предводена од СДСМ ефикасно и трајно ќе го реши доглогодишниот проблем со струшката депонија.

СДСМ преку новата Влада што ја предовди активно работи на санирање на штетите од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и спроведување на зацртаните реформи што ќе донесат добро за сите. ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со лицемерното однесување и како конструктивна опозиција, да се приклучи кон реформскиот процес што ќе донесе квалитетна животна средина, правда и живот за сите.

Скопје, 17.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести