Соопштение за јавност
Згаснувањето на Дневник, првиот приватен весник во независна Македонија, е директна последица на задушените слободи на медиумско известување преку долгогодшините притисоци и уцени кои ги вршеше поранешната режимска власт со цел да ги претвори ваквите медиуми во свои пропагандистички партиски гласила.
Затворањето на Дневник и неколку други медиуми е најдобар доказ што се случува кога ќе се удри врз слободната мисла и кога наместо да се професионализираат, да се поттикнува плурализам и слобода во известувањето, медиумите се искористуваа во дневно-политички активности во служба на пропагандата што ја практикуваше поранешната власт.
СДСМ како одговорна партија целосно ги поддржува новинарите и медиумите и се заложува и ќе се заложува за почитување на слободата на говор и слободата на медиумите како врвна демократска вредност во едно цивилизирано општество.
Владата предовдена од СДСМ започнува реформски процеси преку кои ќе се обезбедат професионални институции, владеење на правото и услови за објективно функционирање на медиумите и нивна независнот. Политичките партии мора да ги тргнат рацете од медиумските слободи, а медиумите никогаш повеќе не смеат да се ставаат во улога на партиски апарат на која било политичка партија и владејачка гарнитура.
Никој повеќе не смее да врши поткуп, закани и уцени врз новинарите и медиумите. Македонија заслужува и ќе добие професионално и одговорно новинарство.
Скопје, 14.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА