Соопштение за јавност
Никој, па ниту Никола Груевски не може да избегне соочување со правдата и правната држава. Наместо да бега од обвинителите, Груевски треба да собере храброст и да се соочи со правосудните органи.
Секој граѓанин на Република Македонија, вклучително и Груевски, треба да одговара за своите постапки пред независен, професионален и непристрасен судски систем. Никој не смее да се става над законите и владеењето на правото.
Времето на сваровски судството заврши. Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднакво без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било припадност.
Скопје, 12.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА