Соопштение за јавност
Во едно мултиетничко општество на некој начин беше природна и очекувана ова коалиција, меѓу СДСМ и движењето Беса, беше еден природен чекор којшто требаше нашата држава да го превеземе од причина што, воглавно, требаше да се елиминира оној политички фолклоризам од страна на двата етникуми, истакна Мелинда Рашиди од движењето Беса, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.
Таа истакна дека движењето Беса за прв пат прави потег без преседан, и оди пред албанскиот електорат со потпишан договор.
Нашиот ангажман и придонес во новата влада го направиивме на транспарентен начин, со гарнација за реализација како полноправни партнери, нагласи Мелинда Рашиди.
Таа додаде дека движењето Беса е најконструктивна опозициска партија, која одигра клучна улога во затворањето на прашањата и најголемите поглавја кои ја придвижија нашата држава напред кон евроинтерагиите и како партија на власт ќе ги брани интересите на сите граѓани.
Верувајте ми, вашето присуство овде на овие млади луѓе што ги гледам околу мене им дава, им влева надеж дека промените ќе настанат овде и со нас. Ние можеме и повеќе и подобро, порача Мелинда Рашиди од движењето Беса, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.