fbpx

Оценката на Европскиот Парламент дека Македонија е последна по медиумски слободи е уште една потврда зошто е неопходна новата Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новата реформска Влада се обврзува дека ќе ја почитува и заштити слободата на говор, слободата на мисла и слободата на медиумите како врвни демократски вредности.

Оценка на истражувачкиот центар во Европскиот Парламент дека Македонија е последна меѓу земјите од Западен Балкан по слобода на медиуми е уште една потврда за задушените медиумски слободи од 10-годишната режимска власт во заминување на Никола Груевски.

Поради притисоците, заканите, апсењата, притворањата, затворањата новинари и медиуми, Македонија е на дното меѓу земјите од регионот и според последниот извештај на Репортери без граници, како и меѓу најлоши рангираните европски земји според последниот извештај на Фридом хаус.

Новата Влада е неопходна и затоа што граѓаните имаат право да бидат навремено информирани, со вистински, точни и прецизни информации, а тоа само професионални и слободни медиуми можат да го обезбедат.

Новата реформска Влада во соработка со медиумската заедница во Македонија ќе ги обезбеди сите потребни стандарди и услови за независно и професионално новинарство, како што доликува на една современа европска демократска држава.

 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести