Соопштение за јавност
Парламентарното мнозинство од 67 пратеници, избрано на кредибилни избори ќе го избере новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија. Тоа ќе се случи многу брзо, според Деловникот, Уставот и законите.
Постои легитимно формирано парламентарно мнозинство коешто е власт во државата, зад кое што стојат најмалку 700.000 граѓани кои избраа промени на режимот.
Тоа мнозинство има обврска да ја спроведе граѓанската волја.
Исто така има обврска да ги спречи деструктивнте политики на Ѓорге Иванов и на Никола Груевски, што за криминални интереси на Груевски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја загрозуваат стабилноста на државата и квалитетот на живот на граѓаите.
Очигледно е дека недостига здрав разум, штом Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште се надеваат дека се некаков фактор во политичките процеси, иако со нив граѓаните расчистија на 11 декември 2016 година, кога ги избраа избраа промените, а дека се опозиција којашто мора да овозможи мирен трансфер на власта порачува и целата меѓународна заедница.
За да биде јасно, повторуваме, дека Груевски напразно моли да седне на преговарачка маса. Амнестија нема! Ќе има правна држава којашто ќе важи за сите граѓани подеднакво.
Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како да се негова лична своина. Прво, парламентарно мнозинство веќе постои и тоа никој не го бара од него! А и дали некои од опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе најдат здрав разум и ќе ги поддржат реформите по формирањето на новата реформска Влада, исто така не зависи од Груевски.
Исто така, граѓаните не сакаат повеќе памлети и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се помири дека таканаречениот Манифест може биде дел само од нивните витрини. Постои Програма на новата реформска Влада што е единствен валиден документ за граѓаните и којашто им обезбедува квалитетен живот на сите, во правна држава, унитарна, со евро-атланстки перспективи.
Лагите на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на непостоечки теми завршија.
Ќе има многу брзо нова реформска Влада затоа што тоа е мнозинска волја на граѓаните.
Скопје, 17.04.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА