Соопштение за јавност
Ѓорге Иванов нема право да се однесува тирански кон својот народ, само за да удоволи на еден човек и неговата фамилија да ги реализираат нивните криминални платформи. Со тоа Иванов е соучесник во злото што им се нанесува на граѓаните.
Граѓаните на Македонија имаат свои легитимни претставници во Парламентот. Тоа е стабилно парламентарно мнозинство кое е власт во државата! Парламентарното мнозинство има обврска и ќе ги заштити граѓанските и државните интереси, со тоа што ќе ја формира новата реформска Влада на унитарна Македонија, согласно Деловникот, Уставот и законите. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција. Иванов нема да ги попречи демократските процеси.
Скопје 15.04.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА