fbpx

Филипче за Сител: Подадовме рака за конкретни реформи кои вистински ќе го сменат системот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче за Сител: Подадовме рака за конкретни реформи кои вистински ќе го сменат системот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интревју за Сител Телевизија денеска рече иницијативата за лидерска средба е подавање рака за реформската агенда и системски промени што граѓаните одамна ги бараат.

Тој објасни дека средбата се одржала по трагичниот настан во Кочани, кој, како што рече, уште еднаш ја покажа потребата од вистинска промена на системот.

-Реформската агенда е дел од Планот за раст, подготвен од владата на СДСМ, а потпишан од сегашниот премиер во Брисел. Тој план за Западен Балкан вреди 6 милијарди евра, од кои нашата земја треба да добие 800 милиони евра, но тоа е условено со реални реформи и донесување околу 30 закони, најмногу во областа на правдата. До сега ниту еден од тие закони не е поднесен во Собранието, предупреди Филипче.

Најави и дека Националниот совет за евроинтеграции ќе одржи средба на која ќе бидат поканети сите партии и експерти од областа на правдата, за да се обиде да се создаде атмосфера на натпартиски консензус и обединување на капацитетите за напредок на државата.

-Целта е секој што има искуство и знаење да помогне државата побрзо да оди напред. Само заедно, во оваа мултиетничка, мултикултурна, мултинационална држава, можеме да напредуваме, подвлече Филипче.

Тој упати и критика за однесувањето на ДПМНЕ како опозиција.

За жал, ВМРО-ДПМНЕ не беше конструктивна опозиција кога требаше. Ако беа, денес ќе бевме многу понапред, рече Филипче, додавајќи дека иако СДСМ има критики за работата на сегашната власт, пристапот мора да биде државнички и фокусиран на решавање на горливите проблеми во интерес на граѓаните.

Последни вести