fbpx

Новата реформска Влада ќе озбезбеди нови работни места, Груевски мора да ги прифати промените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски конечно за нешто е во право – да, на Македонија и е потребна стабилна влада и крај на кризата што тој ја создаде.

Македонија мора да добие стабилна реформска влада според мнозинската волја на граѓаните, предводена од претседателот на СДСМ Зоран Заев и тоа Груевски не ќе може да го спречи.

Провокациите и поттикнувањето насилство се очаен обид на Груевски и соработниците да ја одолговлечат кризата со што се надеваат дека можат да се спасат од лична одговорност. Но околу 700 000 граѓани гласаа за правда и ќе има правда, ќе има и нови работни места и квалитетено образование и здравство и парите ќе се вратат кај граѓаните веднаш по промените што ќе се случат.

Скопје, 09.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести