Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателите на коалициските партнери на СДСМ.
На состанокот сите партнери од коалицијата дадоа поддршка претседателот на СДСМ, Зоран Заев да биде мандатарот за состав на новата Влада на Р.Македонија.
Заедничка е оценката дека претседателот на СДСМ води совесни, мудри и одговорни политики согласно Уставот, во разговорите за обезбедување на новото парламентарно мнозинство и за состав на новата Влада.
СДСМ и коалициските партнери очекуваат, Горге Иванов да го даде веднаш мандатот на претседателот Заев за состав на новата Влада, откако се собрани 67-те пратенички потписи со коишто се дава поддршка на претседателот Заев да биде мандатар за состав на идната Влада.
Со тоа, како што е оценето, ќе се овозможи натамошен развој на демократските процеси во Македонија што носат перспективи за сите граѓани и за Република Македонија.
На Македонија и е неопходна нова реформска Влада, којашто ќе води реални политики во интерес на реалните потреби на сите граѓани е констатирано на средбата на претседателот Заев со коалициските партнери.
27.02.2017, Скопје
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА