fbpx

Филипче: Нема ни „П“ од популизам во Законот за Кочани, семејствата молат за поддршка

Facebook
Twitter
LinkedIn

оопштение за јавност

Филипче: Нема ни „П“ од популизам во Законот за Кочани, семејствата молат за поддршка

Во своето гостување во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ Венко Филипче остро ја критикуваше Владата и ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, срамната блокада на предлог-законот за помош на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

„Законот во Кочани им нуди конкретна финансиска поддршка на луѓето – тие не можат крај со крај да врзат. Тие се нон стоп по доктори на преврски“, рече Филипче, додавајќи дека ниту помош преку Црвен крст не им е стигната: „Ништо не добиле тие луѓе. Зарем треба само Црвениот крст да помага? Каде е државата?“

Филипче порача дека предлогот нема никаква врска со ПР или политичка калкулација: „Нема ни ‘П’ од популизам во овој закон – тоа се реални потреби“, истакна тој. „Тоа за Кочани оваа Влада што го прави е греота. На луѓето стварно им е потребна помош и поддршка.“

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ систематски блокира закони што се во интерес на граѓаните: „Не поддржаа закон за минимална плата, за плата на работниците во приватниот сектор, за ДДВ на храна, за ДДВ на струја – ниту еден закон што го олеснува животот на граѓаните оваа Влада не поддржува“, рече Филипче.

Последни вести