fbpx

Трајчулески: Загрижувачки – не се знаат условите за најголемо задолжување од 6 милијарди евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Трајчулески: Не се знаат условите за најголемо задолжување од 6 милијарди евра

Граѓаните мора да знаат како планираното задолжување преку договорот со Велика Британија ќе се рефлектира на нивниот живот во иднина, Владата мора да даде јасни и прецизни одговори за планираниот заем, истакна пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Тој посочи има низа недоречености и нејаснотии кои создаваат сериозна загриженост кај граѓаните.

„Знаеме дека одобрената рамка за задолжување е 6 милијарди евра или еднакво на еден наш годишен буџет. Знаеме дека ќе биде проектно финансирање, но не знаеме кои се другите услови, колкава ќе биде каматната стапка, како ова задолжување ќе влијае на зголемувањето на јавниот долг. Граѓаните заслужуваат јасни и прецизни одговори на овие прашања, затоа што политичарите доаѓаат и си одат, но долгот ќе остане да го плаќаат нашите деца, идните генерации. Граѓаните мора да знаат како ова задолжување ќе се рефлектира на нивниот живот во иднина“, рече Трајчулески.

При тоа, Трајчулески посочи дека она што загрижува е капацитетот за реализација на големи инфраструктурни проекти, ако се има предвиден досегашната реализација на капитални проекти која е празителна.

„Недостатокот на капацитет на оваа Влада јасно се виде преку реализацијата на средствата од унгарскиот заем. Иако во 2024 година беа лоцирани над 70 милиони евра за капитални проекти во општините, реализацијата на крајот на годината беше нула. Реализацијата на капиталните расходи во текот на 2025 година е очајна. Бадијала ни се стратешки партнерства и милијарди евра рамки за финансирање, ако немате капацитет сето ова да го реализирате“, рече Трајчулески, додавајќи дека е потребна сериозна посветеност за градење на институционални капацитети за спроведување на големи инфраструктурни проекти.

„Ако ова не се направи, заемот за кој денес зборуваме ќе почне да наликува на огромните ветувања на Никола Груевски за 8 милијарди евра инвестиции – од кое ветување нашиот народ не виде многу аир“, рече Трајчулески.

Линк до видео: https://youtu.be/qdZAXp4bJpE?feature=shared

Последни вести