fbpx

Никој повеќе не му верува на Мицкоски во Македонија, остана Орбан да го брани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никој повеќе не му верува на Мицкоски во Македонија, остана Орбан да го брани

Виктор Орбан, човекот кој си купи премиер во Македонија денес го пофали Мицкоски за „браник од мигранти“ во Европа. Ниту Виктор Орбан ниту Христијан Мицкоски не се браници од нелегални мигранти во Европската Унија.

Вистината е дека Европската Унија во рамки на ФРОНТЕКС а во соработка со Владата на Р.Македонија пред 10 години склучи договор за заедничка безбедност на јужната граница на Европската Унија од напливот на нелегални мигранти од разгорените воени подрачја во Сирија и Ирак.

За иронијата да биде уште поголема, Виктор Орбан кој за Унгарија обезбеди сигурна иднина во Европската Унија, без нелегални мигранти зборува за Христијан Мицкоски кој е подготвен да отвори кампови за одбиени азиланти од Велика Британија, да задолжи три генерации и да ја држи Македонија изолирана од Европската Унија додека тој отвара фирми во Бугарија.

Македонија за 11 месеци влезе во друштво на авторитарни држави каде демократијата е само декор, а животниот стандард зависи од вољата на еден човек.

Последни вести