fbpx

Обвинителството се претвори во партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Обвинителството се претвори во партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ

Тажно е да се гледа како Јавното обвинителство кое наводно требаше да биде ослободено од прангите на политиката се претвара во обичен инструмент на ВМРО-ДПМНЕ во нивната ПР стратегија.

Денешното отфрлање на кривичните пријави против Директорот на АНБ Бојан Христовски во најмала рака е несериозно, тенденциозно и политички мотивирано, особено поради фактот што веќе постојат најмалку четири пресуди од кои една за директорката на Дебарската болница, како и за директорки на две училишта кои признаа дека ТОЕФЛ сертификатот кои го добиле од јазичното студио „Јулија“ биле фалсификувани.

Трагично е да се чита соопштението на Јавното обвинителство во кое се обидуваат да го оправдуваат незаконското назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ со образложение дека „не добиле правна помош од Бугарија“. Како е можно истото јавно обвинителство да обезбеди докази во шест други предмети, но не и во случајот за Бојан Христовски?

Како е можно Коцевски од најлош и најкорумпиран обвинител, одненадеж да стане најдобриот обвинител?

Селективноста на правдата е одлика и политички потпис на ВМРО-ДПМНЕ од времето на поставување на судии и обвинители од тефтерчето на Гордана Јанкуловска, Никола Груевски и Михајло Маневски.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, правда нема и не може да има. ВМРО-ДПМНЕ функционира по системот „кадија те тужи, кадија те суди“ со претходно напишани одлуки во Белата палата.

Последни вести