fbpx

Тренчевска до Мицкоски: Дали овој пат владејачкото мнозинство ќе го поддржи Законот за помош на настраданите од Кочани?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тренчевска до Мицкоски: Дали овој пат владејачкото мнозинство ќе го поддржи Законот за помош на настраданите од Кочани?

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната собраниска седница за пратенички прашања, упати прашање до премиерот Мицкоски во врска со помошта за настраданите во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во продолжение интегрален текст на прашањето:

Почитуван претседател, колеги пратеници и членови на Владата, трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, нема никогаш да се заборави, болката на семејствата на починатите и настраданите нема никогаш да исчезне.

Изгубивме 62 млади животи, над 200 млади момчиња и девојки се повредени – некои од нив имаат и трајни последици, траен инвалидитет. Ова не е некоја статистичка бројка, ова се млади животи и тие не смеат да бидат заборавени.

Болката што ја преживеа Кочани не е само локална – таа е болка на целото општество.

Ним не им е потребна само декларативна реторика, ќе го направиме тоа и тоа, нив им е потребна помош, сега, во овие моменти кога им е најтешко, кога е потребна грижа за повредените.

Затоа, денеска на овие пратенички прашања ќе потсетам на предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во Кочани. Како пратеничка група на СДСМ и Колаицијата го поднесовме прво по скратена постапка, но за жал колегите пратеници од владеачкото мнозинство немаа слух.

Овој предлог закон не е ПР кампања, не е политичка калкулација, овој закон е реална потреба. На луѓето им е потребна реална помош која во моментов ја немаат – не е доволна само помошта преку Црвениот крст, и тоа всушност не се пари на владата туку тоа се пари на граѓаните и на општествено одговорните компании.

Владата никаде ја нема да им помогне…тие луѓе се секојдневно по доктори, по преврски, во потрага да ги обезбедат најдобрите услови за лекување на своите деца.

Слушнавме од страна на премиерот дека е најаван проект „Кочани 2030“, во ред … меѓутоа каде е помошта сега? Овие граѓаните немаат време за чекање до 2030 година.

Предлог законот на СДСМ е конкретен и вистинска помош. Затоа минатата недела повотрно го поднесовме предлог законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во Кочани, овој пат во редовна постапка.

Ги слушнавме, сите коментари и забелешки од владеачкото мнозинство и се вметнати во самиот прелог на закон.

Оттука моето прашање до премиерот е дали овој пат како владејачко мнозинство, ќе покажете политичка волја овој предлог закон конечно да се стави на дневен ред на собраниска седница и да добие поддршка – како приоритет на општествена совест и морална обврска?

Да се дебатира во собраниеските комисии и пратениците од власта доколку имаат забелешки преку амаднами да се реагира, но на крајот на денот законот за биде усвоен, да стаса поддршка поддршката и помошта до граѓаните на Кочани и околните градови од каде што имаме настрадани.

На крај во прашањето што беше поставено од мојот колега Оливер Спасовски, сакам дополнително да кажам за несреќата, односно во пожарот во модуларната болница во Тетово со заклучок на Влада се одвоени по 30.000 евра за семејставта на настраданите и дополнително пом 1.000 евра од Агенцијата за визулени медиумски услуги, што значи дека во тој период како влада сме воделе грижа за семејствата на настраданите. Тоа го очекувам и од оваа влада сега во најбрз можен период да помогне на семејствата на настраданите и на повредните од несреќата во Кочани.

Последни вести