fbpx

Македонија оди напред, со Груевски е завршено!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија мора да оди напред. Волјата на граѓаните и нивната мнозинска определба за промени мора да се почитува! Само тоа е излез од политичката криза во државата што ја наметна досегашната несовесна власт.

Над 612.000 граѓани јасно избраа живот и правда, избраа да живеат во едно општество за сите, го поддржаа концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби, концептот на интеграција наспроти концептот на изолација и тоа се перспективите.

Во тек се демократски процеси коишто се незапирливи и кои отвораат иднина.
Назадувањето на Македонија заврши.

Политичките процеси во Македонија повеќе не зависат од Никола Груевски и од криминалните структури што 10 години ја влечат Македонија кон дното, додека земјите од регионот одат напред.

Вчерашното интервју на Груевски е потврда дека неговото време е завршено. Тој нема идеја, нема визија, не може да одговори на потребите на граѓаните и на државата.

А во политиката во Македонија повеќе нема место за политичари кои го крадат, го лажат својот народ, нанесуваат зло и неправди на граѓаните, ги злоупотребуваат културните и етничките разлики, ги караат мегусебно и ги одалечуваат од светот за лични профити.

На Македонија и е неопходна нова стабилна реформска Влада.
Република Македонија е подготвена за нов начин на водење на државата, темелно, посветено, чесно, одговорно, демократски.

СДСМ работи на поставување на приоритетите за граѓаните и за државата согласно Уставот, со цел да обезбеди стабилна иднина за државата и квалитетен живот за сите и веруваме дека во брзо време сите ќе го почувствуваме тоа олеснување.

 

Скопје, 12.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести