Соопштение за јавност
На вечерашната граѓанска трибина на која што се обратија претседателот на СДСМ Зоран Заев, ко-носителката Мила Царовска, кандидатот за пратеник Горан Мисовски, Никола Димитров како носител на листата во ИЕ1 се осврна на тоа каде бевме, што направивме и каде ќе бидеме за 4 години со политиките на коалицијата „Можеме“, а каде би биле ако опозицијата ја третираме за легитимна политичка опција?
Со наследените проблеми во 1 јуни 2017 година, остварувањето на стратешките цели изгледаше апстрактно и недостижно.
НАТО од Самитот во Букурешт во 2008 год. спомнуваше дека треба да го решиме проблемот со името, но последните години пред 2017 год. спомнуваа и за проблеми во демократијата – објасни Димитров и зборуваше за начинот на кој владата на СДСМ успеа да ги реши децениските предизвици:
Ние го земавме дизгинот, го погледнавме проблемот во очи, анализиравме и решивме дека најважно од ова е македонскиот идентитет, кој што го заштивме и унапредивме во смисла на прифаќање на другите. За прв пат потпишавме и договор со Грција на македонски јазик, а тоа го овозможи Преспанскиот договор.
За оние на кои се’ уште не им е јасно: нашата држава, Северна Македонија си има и именка – Македонија и географска одреденица – северна. Јас стојам исправен и горд како Македонец, кој зборува македонски јазик, зад секоја буква и збор од Преспанскиот договор.
Опозицијата дали стои зад тоа што го прави и правеле? Споменикот во центарот на градот не се осмелија да го именуваат Александар Македонски, туку го крстија „Воинот на коњ“. Нема едно дело зад кое што стојат.
На 15 јули со гласањето за коалицијата „Можеме“ имаме златна шанса како нација да ставиме точка на тоа тегнење и на таа борба на опозицијата да ја избегнат правдата.
Да ја ставиме на пиедестал одговорноста на правосудниот систем и да обезбедиме одговорност за кризата на неказнивост (којашто започна 2015/16 год.) конечно да заврши.
Ако сме мудри и ако ги засукаме ракавите, ние ќе станеме привлечна земја за живеење за младите генерации.
Со негласање за ВМРО-ДПМНЕ, ќе им се помогне и ним. „Опозицијата мора суштински да се погледне самата себе во огледало и да си ја смени матрицата.“ – потенцираше Димитров.