Соопштение за јавност
Народ гледа Мицкоски – сите видоа дека ништо немаш остварено освен продавање на шарени лаги
Добро е што Мицкоски е свесен дека народот има очи да гледа, и памет да размисли. Ова што Мицкоски го знае би требало највеќе да го загрижи.
Мицкоски, народот гледа дека ниту едно од твоите ветувања не е остварено.
Каде е линеарното зголемување на пензиите за пензионерите?
Каде е зголемениот пласман и инвестициите во земјоделието?
Дали Мицкоски го раскина договорот со Бехтел и Енка, или сега според кажувањето на Трајко Славевски планирате да потрошите дополнителни 700 милиони евра за тој проект? Со колку проценти се вградивте во тој проект?
Мицкоски, каде е зголемувањето на платата?
Каде се странските инвестиции? Уште одиш и отвараш инвестиции кои ги донесе владата на СДСМ.
Каде е подобрувањето на животниот стандард? Цената на електричната енергија е на историски највиоско ниво. Цената на горивата повторно растат, а платите стагнираат или се намалуваат.