Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Ве известуваме дека утре (недела, 22.06.2025 година) во седиштето на СДСМ во Скопје, ќе се одржи тематска конференција – трибина под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.
Трибината започнува во 12.00 часот, предвидени се вкупно пет панели, со по неколку излагања на понелисти од различни области, со учество на експерти, членови на раководството, на партиските комисии и завршен панел на којшто ќе се обрати претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
12.00 часот
Отворање и кратко воведно обраќање од Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ
12.10 – 12.30 ч
Панел 1 во кој ќе бидат опфатени теми од економијата, животниот стандард, земјоделството и транспортот и на којшто ќе се обратат: Агрон Демири, Трајан Димковски и Митко Трајчулески.
12:30 – 12:50 ч
Панел 2 во кој ќе бидат опфатени темите од образованието, здравство и младите и на којшто ќе се обратат: проф. Петре Трајковски, д-р Елена Радеска и Трајче Стојчевски (претседател на СДММ)
12:50 – 13:10 ч
Панел 3 во којшто ќе бидат опфатени темите за безбедноста, правдата и судство и на којшто ќе обратат Викторија Мадиќ и проф. Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ.
13:10 – 13:40 ч
Панел 4 во којшто ќе бидат опфатени темите за локална политика, ЕУ, домашната и надворешната политика и на којшто ќе се обратат: потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, проф. Љубомир Фрчкоски и Андреј Жерновски – член на ИО на СДСМ.
13:40 – 14:10 ч
Панел 5 во којшто е предвидено обраќањето на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи трибината (пристугнување во 11.30 часот)