fbpx

Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во подрачна единица на Унгарија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Состојбата кај македонската дипломатија не може да се оцени, бидејќи не постои. Постојат некакви обиди за меѓународни односи, изјави на меѓународен план, но тоа е далеку од сериозна дипломатија со јасен концепт. Ова е еден брод што плута, една дезориентирана дипломатија која нема ниту визија, ниту концепт како ќе ја води државата, рече Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Тој потенцираше дека македонската дипломатија е во сериозна криза и целосно дезориентирана. ВМРО-ДПМНЕ, преку својот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, продолжува да го потврдува својот аматерски пристап кон водството на државата и дипломатијата.

– Политиката што ја спроведува Мицковски е според девизата „Ако си катастрофален градоначалник на општина, тогаш ќе станеш министер за надворешни работи“, и така го добивме Тимчо Муцунски, кој не е вистински фактор во надворешната политика, додека пак други клучни играчи во партијата немаат јасна визија за државата и не преземаат конкретни чекори за подобрување, рече Жерновски.

Последни вести